"Das WeltAuto" е меѓународен бренд, член на Volkswagen AG концернот, чии активности се исклучиво поврзани со работењето со употребувани возила. Со основањето на Das WeltAuto, основната намера на групацијата Volkswagen AG беше да воспостави еден глобален бренд за продажба на употребувани возила. Покрај европските пазари "Das WeltAuto" е присутен и на други пазари во државите ширум светот: од Кина, Австралија, Сингапур, Индија и Русија па се до САД, вклучувајќи ги тука и многуте други помали земји.

Како дело од развојната структура на брендот, цел ни е да ја имплементираме нашата визија и на пазарот во Северна Македонија. Со разновидна понуда на квалитетни услуги сакаме да го подигнеме задоволството на крајниот купувач и да поставиме нови стандарди во работата со употребуваните возила, секако следејќи ги современите трендови. Начинот на кој се обидуваме да ги реализираме нашите комерцијални активности е по пат на официјални партнери внатре во овластените продажно сервисни центри на Volkswagen групацијата.

Четирите основни принципи на кои се заснова брендот "Das WeltAuto" се: безбедност, доверба, доверливост и транспарентност.

Сите деловни и маркетинг права за Република Северна Македонија како и ексклузивното право на сертифицирање за брендот "Das WeltAuto" во Република Северна Македонија се во сопственост на компанијата Порше Македонија ДООЕЛ Скопје. Целта на воведувањето на брендот "Das WeltAuto" на пазарот во Република Северна Македонија е да ги задоволи потребите на сите потенцијални купувачи на употребувани возила и постоечки клиенти на нашите услуги. На купувачите им се нуди поедноставена процедура за купување на проверени употребувани возила вклучувајќи ја и опцијата замена “старо за ново”.

Во нашата понуда се наоѓаат голем број на квалитетни, сертифицирани по високи стандарди, употребувани возила со вистинска историја за потеклото и одржувањето, со вистински изминати километри, проверена техничка состојба и надворешен изглед.

Придружната документација за возилото е систематски подготвена, транспарентна и достапна за секој потенцијален клиент. Сите наши возила се подложени на стандардизирани и детални тестови според процедури кои опфаќаат технички проверки на каросерија, мотор, менувач, склопки (механички, електронски, светлосни) и на крај тест возење од страна на обучено техничко лице.

Според наведените процедури доколку е потребно се извршуваат стручни поправки, сè со цел на клиентот да му се испорача технички исправно употребувано возило. Гарантирано!