icon icon

Съдържание

Прекрасно чувство. Гарантирано!

Пакет на услуги

Сите понудени употребувани возила од брендот “Das WeltAuto” се проверени, одржувани и поправени (доколку имало потреба од поправка). Зад ова стојат нашите официјални партнери, кои не се подготвени за компромиси ниту во поглед на техниката ниту пак во поглед на визуелноста. Оној koj купува Das WeltAuto производ е секогаш на вистинската, сигурната страна.

Токму од таа причина посебно внимание посветете на условите.

Во прилог ви ја претставуваме палетата на додадени вредности кои со себе ги носи брендот “Das WeltAuto”

  • Мобилна гаранција на возило*
  • Потврда за техничка проверка на возилото
  • Професионална визуелна подготовка
  • Можност за замена
  • Тест возење
  • Гаранција за сервисната историја и изминатите километри на возилото
  • Финансирање и осигурување
  • Оригинална дополнителна опрема

Мобилна гаранција *

Го одбравте Das WeltAuto токму поради додадените вредности кои ги добивате со таа одлука, а една од придобивките е и мобилната гаранција. Услугите кои се опфатени, се наоѓаат во одделот за мобилна гаранција. Вашиот Das WeltAuto продажен советник во секое време ќе ве информира за сите можности кои ги имате како дел од пакетот за мобилна гаранција.

Професионална визуелна
подготовка

Ние ги третираме возилата со професионални средства, додека евентуалните каросериски оштетувања и хигиената на внатрешноста на возилата се третираат на високо професионален начин. Тоа го правиме затоа што ние знаеме дека купување на употребувано возило истовремено претставува и емоционална одлука.

Тест возење

Не се откажувајте од тест возење. Дури кога ќе го “почувствувате” возилото тогаш во најголема мерка ќе се убедите дека токму тоа е вашето возило. Клучот е кај вашиот официјален партнер. Тој е вашиот контакт за сите прашања што се однесуваат за вашето возило од соништата. Закажете веднаш термин за тест возење!

Напомена: тест возењето може да биде изведено само во согласност со законските одредби и можности. Официјалниот партнер не е должен да го даде возилото на тест возење доколку законските услови тоа не го дозволуваат.

Оригинална дополнителна опрема

Употребуваните возила се различно опремени. Кога го превземате возилото посебна вредност се дава на визуелната подготовка и функционалноста. Нашите официјални партнери имаат можност да нарачаат и вградат голема количина на оригинална дополнителна опрема. Само на тој начин можете дополнително да го опремите Вашето “ново” возило, по сопствена желба со оригинална дополнителна опрема. Продажниот советник се радува на секоја Ваша посета и со задоволство ќе Ви помогне и по купувањето на Вашето возило.

Напомена: Ве молиме внимавајте да го контактирате официјалниот партнер кој е авторизиран за брендот за кој сакате да набавите дополнителна опрема. Ова важи само за брендовите на Volkswagen групацијата.

Потврда за техничка проверка на возилото

Нашите дилери го проверуваат секое возило. Прецизноста за време на техничката контрола, како и за време на оптичката контрола е беспрекорна. Во случај на потребна доработка и поправка, истата се извршува со посебно внимание. Овој високо контролиран и регулиран процес гарантира висок квалитет, транспарентност и подарува доверба!

Можност за замена

Вие кај нас купувате “Das WeltAuto”?

Се разбира дека за вашето постоечко возило ќе ви понудиме фер, пазарно ориентирана и потполно необврзувачка понуда. Предноста кај овој тип на замена на возило (доколку се одлучите за истата) е фактот дека веќе не морате да мислите за продажба, сервисирање и/ или дотерување на вашето постоечко возило пред да го продадете.

Гаранција за сервисната историја и
изминатите километри на возилото

Нашиот квалитетен Бренд Das WeltAuto Ви овозможува увид во целокупната сервисна историја и изминатите километри на возилото на најтранспарентен начин. Кај нас историјата се состои од верифицирани факти зад кои стоиме со целосна одговорност. Кај нас знаете што купувате!

Финансирање и осигурување

Нашите Das WeltAuto продажни советници не се само контакт лица кога станува збор за сите прашања околу вашето идно Das WeltAuto возило. Тие исто така ќе ве информираат и за различните лизинг можности и/или автомобилски кредити. Исто така според вашите желби ги креираме индивидуалните понуди за финансирање. Во соработка со Порше Лизинг, вашиот продажен советник ќе пронајде понуда која ќе ви одговара.

Странична лента